Свадбата сепак ќе причека: Видоје во куќен притвор на 10 месеци

Се чини дека сепак Николина Пишек и нема така скоро да застане пред олтарот со српскиот претприемач Видоје Ристовиќ (37).

Два дена по потврдувањето на шпекулациите, дека планира венчавка и дека конечно го пронашла човекот на нејзиниот живот, српските медиуми започнаа со новите натписи дека нејзиниот свршеник накоро ќе започе да ја отслужува својата казна од куќен притвор во траење од 10 месеци.

Имено на Видоје пред две години пред рутинска контрола му бил пронајден пиштол за кој немал дозвола. Против него била поднесена кривична пријава за поседување на нелегално оружје, пришто по судската постапка водена од април до август месец оваа година, судот пресудил дека го прекршил законот со што и му донесе соодветна пресуда.

Слушајќи го својот адвокат Видоје пред белградскиот суд ја призна својата вина, па наместо казна затвор, тој својата казна ќе ја отслужува во војата куќа без можност за излегување од неа во следните 10 месеци.

 

Погледнете ги слдниве статии

 Николина Пишек ќе се венча

 

 

 

 

  Ексклузивно: Сликите на Николина Пишек за Максим

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Николина Пишек блесна!

Пронајдете не на следниве мрежи: