Кошаркарите на Куманово ја забележаа третата победа во Балканската лига, откако го совладаа Левски си 87:80 ( 17:20, 15:16, 26:25, 29:19).
Кумановци со оваа победа имаат скор 3/1 и заседнаа на втората позиција во А групата веднаш зад Галил Гилбоа, израелскиот тим има максимални четири победи.
Куманово до победата стигна благодарение на фуриозната игра во последната четвртина која ја добија со 29:19. Левски во последниот период влезе со предност од три поени.
Ивица Димчевски одигра уште еден фантастичен меч во Балканската лига, тој беше вистински предводник на тимот со 29 поени, на кои придодаде 7 скока. Урош Луковиќ запиша двоен ефект од 16 поени и 13 скокови, додека двоцифрени кај Куманово беа уште Дејан Микиќ (11 поени) и Марјан Јаневски (10 поени).
Кај Левски се истакнаа Чавдар костов со 25 и Стефан Георгиев со 20 поени.
Куманово следниот натпревар во Балканската лига ќе го одигра на 20. ноември кога во Бар ќе му гостува на Морнар.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Македонската кошаркарска репрезентација на 34 место на листата на ФИБА
ФИБА бара баскетот ‘3 на 3’ да стане олимписки спорт
БИБЛ лига: Куманово го „преслуша“ Ѓуро Ѓаковиќ
Пронајдете не на следниве мрежи: