Балотели повторно ја остави Рафаела

Посакуваше брак, венчавка и црква во која би дошла со најубавиот венчален фустан, конфети, накит, прием за нејзиното семејство и пријатели, но сепак ништо до тоа не доби, открива една од блиските пријателки на манекенката.

Иако е на крајот од својата бременост Рафаела (24) не пропушти да биде дел од модната ревија во Неапол, притоа чекорејќи во венчаница со која му даде јасна порака на својата посилна половина Марио Балотели (24), напаѓачот на Манчестер Сити, кој очигледно разбирајќи ја пораката во негативна конотација, без никакво размислување одлучил да го напушти настанот.

Се шпекулира дека се немаат видено и повеќе од месец дена, притоа постојано расправајќи се околку деталите за претстојното породување на Рафаела.

Балотели изразил желба детето да се роди во Манчестер, нешто на што Рафаела цврсто се спротиставила, притоа надополнувајќи дека посакува да се породи во Италија, кадешто е и нејзината мајка.

Породувањето се очекува да биде околу божиќните празници.

”Марио не сака да биде татко на нашето дете. Добриот татко не е оној маж кој на жената ќе и направи само дете, туку оној кој ќе се грижи за таа жена и дете до крајот на својот живот”, изјавила бесната и разочарана Рафаела која додала дека Марио и покрај се, се вратил на своите стари навики.

Како една од причините за нивната разделба се наведуваат и одбивањето на Рафаела да направи DNK тест, со кој би се утврдило дека Балотели е вистинскиот татко на детето, но информациите се сеуште непотврдени.

 

Погледнете ги следниве статии

 Балотели со новата девојка

 

 

 

 

 

 Љубовницата на Руни и Балотели е трудна! Кој е таткото?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Ким Кардашијан повторно ги почасти своите фанови со фотографии од својот задник

 

Пронајдете не на следниве мрежи: