Над 80.000 потписи на петиција во Тексас за отцепување од САД

Loading...

Над 80.000 жители на американската сојузна држава Тексас се потпишале на онлајн петицијата на сајтот на Белата куќа, со која бараат отцепување на оваа држава од Соединетите Американски Држави (САД).

Прва од 50-те сојузни држави, која покрена ваква иницијатива, беше Луизијана на 7 ноември, само неколку часа по прогласувањето на победата на Барак Обама, по што такви иницијативи беа покренати во дваесетина држави.
Како што налагаат правилата, Белата куќа е должна да ја испита секоја петиција со над 150 потписи собрани во рок од еден месец, а секоја петиција со над 25.000 потписи мора да добие официјален одговор.
Со оглед дека петицијата на Тексас ги собра неопходните потписи сега треба да добие одговор на барањето „да и се дозволи да се повлече од САД и да формира своја влада“.

Макфакс

loading...
Loading...