Најчудните причини за развод

Иако луѓето најчесто бараат развод поради вообичаените причини како што се емотивната оддалеченост, вонбрачните афери или непомирливите разлики, понекогаш може да има сосема различен повод. Сосема невообичаен повод. Така една Британка решила да се разведе од сопругот поради тоа што тој одбил да рекреира сцена од популарниот еротски роман “Fifty Shades of Grey” – пренесува Huffington Post. 

Четириесетиедногодишната банкарска службеничка решила да го зачини својот љубовен живот со одредени садо-мазохистички игри како врзување и удирање со камшик, но нејзиниот сопруг не сакал ни да чуе за тоа.

“Жената ја прочитала нигата и потоа одлучила да внесе малку оган во изумрениот сексуален живот со својот сопруг. Нејзиниот сопруг за запоставувал, никогаш не и купил поклон за Св. Валентин, ниту пак и го честитал, а никогаш не коментирал ниту за нејзиниот изглед. Откако го одбил нејзиниот обид за зближување по пат на извесни игри, едноставно и било доста и побарала развод” – изјавила адвокатката на жената, Amanda McAlister. 

Но, оваа разочарана Британка не е единствената која одлучила да го заборави судбоносното “да” поради некои бизарни причини. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Развод поради домашното милениче

Жена од Кина покренала бракоразводна парница откако семејниот папагал започнал да ги повторува зборовите “развод”, “те сакам” и “биди трпелива”.

Жената го однела папагалот во адвокатска канцеларија со надеж дека може да сведочи против нејзиниот сопруг. 

 

Развод поради домашните задачи

Иако најголемиот дел од паровите има проблеми со поделбата на домашните задачи, сопружници од Германија имале сосема различен проблем. Имено, жената поднела барање за развод на 15-годишниот брак затоа што нејзиниот сопруг бил преопседнат со домашните задачи. Како што таа кажала на суд, највеќе ја налутило тоа што сопругот срушил ѕид од куќата затоа што му делувал “неуредно”. 

 

Развод поради десерт

Кинез си ја оставил сопругата затоа што таа секој ден за ручек му правела колачи. Кинезот на почетокот бил среќен што има исхрана полна со шеќери и јаглехидрати, но подоцна започнал да мисли дека сопругата се обидува да го убие со дебелеење. 

 

Развод поради сапуница

Фактот дека телевизијата може и тоа како лесно да растури брак го докажува и еден развод во Индија, каде мажот како причина за развод ја навел опседнатоста на сопругата со телевизиските сапуници. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Чудни закони за развод низ историјата

Во стариот Рим секој маж можел лесно да се ослободи од својата сопруга доколку таа му била неверна, доколку направила дупликат од клучевите од винската визба на мажот или доколку пиела вино кое сеуште не било зрело. 

Според законите на Ману, Индијанците имале право да ја променат жената ако не родила деца и после 8 години брак, ако и после 10 години брак раѓала само мртви деца, или ако после 11 години брак раѓала само женски деца. Но, во случај Индијанецот да се оженил со жена која постојано се расправа и е агресивна, разводот му бил дозволен на лице место. 

Бучното миење на садови, како и останатите “гласни” домашни работи во Италија се сметаат за сериозен повод за развод на бракот. 

Кај Корејците постоеле 7 основни причини за развод. Најголема од сите тие била непочитување на родителите на сопругот. Додека ова се смета за сериозен проблем, недоразбирањата или некомпатибилноста на карактерите на сопружниците се сметаат за ништовни. 

Чиновите на вандализам во Англија биле сосема доволна причина за развод. Страсниот фан на фудбалот Neil Dewhart го тврдел токму тоа. Причината за развод бил вандализмот на неговата сопруга, која го испрала неговиот дрес со автограмите од неговите омилени фудбалери. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Босанка со развод доби 190 милиони евра

Развод на повидок? Разговарајте отворено за проблемите

Разводи поради секс-зависност

Пронајдете не на следниве мрежи: