Продадена Енигма, германска машина за кодирање

На аукција во Лондон продаден е редок примерок на германската машина за кодирање Енигма, по цена од 85.000 фунти.

Првобитните проценки на вредноста изнесувале меѓу 40 и 60 илјади фунти.
Оваа машина во текот на Втората светска војна нацистите ја користеле за кодирање и декодирање на пораките кои ги праќале воените команданти.
Владеел голем интерес за машината поради фактот што оваа година се одбележува стогодишнината од раѓањето на Ален Турнинг, британски математичар кој играл клучна улога во разбивање на системот на функционирање на Енигма.
Од аукциската куќа Bonhams соопштено е дека е продаден модел на верзијата со три ротори кој Германците го користеле меѓу 1938 и 1944 година.
„Овој примерок е речиси во совршена состојба. Функционален е, неизменет и не е реновиран. Многу машини сојузниците однеле како сувенири за време на последната фаза на Втората светска војна. На повеќето од нив подоцна им се менувани делови. Оваа машина ги има сите оригинални елементи со ист сериски број. Машината е оригинална и функционална“, вели Лоренс Фишер, специјалист од Bonhams за технички апарати.
Познато е дека сопственикот на машината е од Европа,  дека купувачот е од САД.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: