Што се крие зад вашата сексуална фантазија

Секој ден мечтаете за поинаков секс од вообичаено, но што длабоко чувате во своите фантазии. Сексолозите велат дека луѓето со помош на фантазиите ја откриваат својата вистинска природа и ги потиснуваат реалните желби и потреби. Време е да откриете што се крие зад вашите тајни сексуални фантазии…

фантазија1: Замислувате дека гледате секс на друг пар

Ако некогаш сте мечтаеле за тоа да, на пример, гледате некој ваш пријател како води љубов со својата девојка, можно е да сте љубоморни. Психолозите велат дека позади ваквата фантазија се крие желбата за натпреварување и споредување.

Секако, би можело да станува збор и за чиста љубопитност. Но ако сепак сте љубоморни, сексолозите советуваат сето она што фантазирате дека тие го прават да го пренесете во вашиот кревет. На тој начин ќе се фокусирате повеќе на себе и сопствениот сексуален живот.

Фантазија 2: Замислувате дека некој ве гледа додека имате секс

Дали некогаш сте фатазирале за тоа дека некои странци ве гледаат додека водите љубов? Ако да, значи дека сте помалку егзибиционистички расположени. Меѓутоа, се плашите да ја покажете сопствената дива карактеристика бидејќи сте „од фина фамилија и добро воспитани“.

Психолозите велат дека нема ништо лошо во тоа да ја ослободите таа ваша енергија. Кажете му ја фантазијата на вашиот партнер и заедно размислете како да го направите сексот меѓу вас повозбудлив. Ако немате партнер, почестете се со секс на една ноќ со некоја непозната личност. Секако, заштитата е задолжителна!

Фантазија 3: Мечтаете да бидете потчинети

Многу луѓе фантазираат за насилен секс во кој тие се потчинетите. Психолозите велат дека овие фантазии се најчести кај несигурните личности кои се плашат да превземат иницијатива. Обично целата сексуална активност ја препуштаат на партнерот и себично сакаат само да бидат задоволени.

Ваквите луѓе би требало отворено да разговараат со партнерот. Нема ништо лошо во тоа желбата да ви биде исполнета, но и вие би требало да го сослушате него и понекогаш да се однесувате според неговите желби.

Фантазија 4: Замислувате секс во кој вие сте доминантни

И ова е многу честа фантазија. Замислувате дека вашата друга половина ја потчинувате и со неа правите што ќе ви падне на памет. Секако, таа мора во се да ве слуша и да биде покорна.

Сексолозите велат дека за ова често мечтаат жени кои во реалниот живот сексот го поврзуваат исклучиво со емоциите. Токму затоа во фантазијата стануваат диви и се водени од животинските нагони. Нема никакви причини со партнерот да не си ја овозможите оваа фантазија. Признајте му што сакате и превземете ја иницијативата.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Како да станете неговата секс фантазија

 

7 најлуди машки фантазии

 

Топ 5 женски фантазии

 

Пронајдете не на следниве мрежи: