Хамас возврати на израелските напади

Исламистичкото палестинско движење Хамас истрела десетина ракети врз јужниот дел од Израел во четвртокот притоа загинаа три лица, а Израел одговори со нова серија воздушни напади во Појасот Газа заканувајќи се со поширока офанзива за да ги спречи ваквите напади врз својата територија.

Израелската полиција соопшти дека три лица загинале кој палестинска ракета погодила четирикатница во градот Киријат Малахи, околу 25 километри северно од Газа. Тоа се првите израелски жртви во новата ескалација на насилството во регионот.
Израел во средата го уби командантот на военото крило на Хамас, Ахмед ал-Џабари и го гранатираше Појасот Газа од мор и од воздух, при што загинаа 13 луѓе од кои пет се милитанти, три деца и една бремена жена. Повеќе до сто луѓе се ранети во израелските гранатирања.
Советот за безбедност на Обединетите нации одржа во средата доцна навечер одржа вонредна седница за да ги разгледа израелските напади. Беше повикано на запирање на насилствата, но не е преземено конкретно ништо.
Израел упати јасна порака за Хамас и е подготвен да ја продолжи операцијата во Газа доколку биде потребно, рече во средата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по израелските воздушни напади врз Појасот Газа.
Египет во средата, по израелскиот напад врз Појасот Газа во кој покрај командантот ал-Џабири беа убиени уште најмалку шест Палестинци, го отповика својот амбасадор во Израел. Арапската лига, пак, како што изјави нејзиниот висок функционер Калед Зијадех, на вонреден состанок кој ќе се одржи подоцна во четврток или во сабота, ќе разговара за израелските напади врз Појасот Газа.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: