Просечната месечна нето плата за септември во Словенија изнесувала 972,73 евра, што номинално е 1,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани, а реално, вклучувајќи ја инфлацијата, е за 3,8 отсто помала во однос на лани.
Просечната месечна бруто плата за септември во Словенија изнесувала 1.489 евра.
Во првите девет месеци од годината, просечната бруто плата во Словенија се зголемила за 0,4 отсто номинално во однос на истиот период од минатата година, но нејзината вредност реално е за 2,1 отсто помала.
Просечната бруто плата во јавниот сектор во Словенија изнесува 1.734 евра, а во приватниот сектор 1.354 евра.
Макфакс
Погледајте ги следниве статии
Граѓаните сакаат најниска плата над 15.000 денари
Скопјанец со месечна плата од 92 илјади евра
Сомнително:На македонец платата му стигнала до први!
Пронајдете не на следниве мрежи: