Меѓународниот фудбал памети фантастични тимови кои се издигнале како најдобри низ годините. Од бразилските магионичари до шпанскиот tiki-taka фудбал кој доминира со светот денес, ви ги претставуваме можеби најдобрите 5 репрезентативни генерации во историјата на фудбалот.
Уживајте!
5. Бразил (1970)
Estadio Azteca во Мексико беше домаќин на финалето на Светското Првенство во 1970, кога Бразил ја демолираше Италија со 4:1.
Овде беше постигнат и еден од најубавите голови во историјата на фудбалот, легендарниот погодок на Carlos Alberto по додавањето на Pele.
Овој тим беше сочинет од некои од најдобрите фудбалери во историјата, како на пример: Jairzinho, Tostao, Pele, Rivellino, Carlos Alberto итн. Никогаш во историјата никој не успеал да доминира на едно Светско Првенство како Бразилците кои ги полнеа противничките мрежи.
Таа година Бразил забележа 18 победи, еден пораз и еден нерешен резултат.
4. Западна Германија (1970-1976)
Финалето на Светското Првенство во 1974 година, чиј домаќин и победник беше Западна Германија, ни претстави два тима кои на теренот излегоа со формации 1-3-3-3.
Улогата libero е веќе изумрена, но победата на “Die Mannschaft” над Холандија со резултат од 2-1 е блескав пример за ефективноста на тој систем.
Franz Beckenbauer, Gerd Muller, Paul Breitner и Uli Hoeness беа најдобрите фудбалери на својата генерација, која успеа да го освои третото место и на Светското Првенство во 1970 година.
3. Холандија (1974-1978)
Холандија заврши втора на двете Светски Првенства (1974 и 1978), исход со кој љубителите на играта на “портокаловите” нема никогаш да се помират. Не успеаа да ја победат Западна Германија, иако во својот состав ги имаа Johan Cruyff, Johan Neeskens, Ruud Krol, Wim Suurbier и други мајстори. Потоа, четири години подоцна, беа поразени од Аргентина, инспирирана од Mario Kempes. Таа победа на Аргентина е отсекогаш доведувана во прашање, бидејќи беше добиена во многу сомнителни околности.
Овие два турнири беа сцената на која блесна “тоталниот фудбал” на Холандија.
2. Франција (1996-2001)
Светското Првенство од 1998 година, одржано во Франција, беше круна на достигнувањата на францускиот фудбал. Франција стана 6тата нација која успеала да го освои трофејот на домашен терен, предводена од еден од најдобрите фудбалери на планетата – Zinedine Zidane.
Головите на Zinedine Zidane и Emmanuel Petit обезбедија историски триумф од 3-0 против фаворизираниот Бразил. Успесите продолжија во 2000 година, на Европското Првенство во Белгија и Холандија, како и на Купот на Конфедерациите во 2001.
Европското Првенство во 1996 година беше сцена каде безмалку истиот кадар на фудбалери загуби во полуфиналето, точка во времето каде би можело да се каже дека оваа блескава генерација на “Les Bleus” го започна својот пат кон вечноста.
1. Шпанија (2007-????)
Веќе актуелна дебата е тоа дали денешната шпанска репрезентација е најдобриот национален состав во историјата на фудбалот. Она што со сигурност можеме да го потврдиме е дека “la Furia Roja” конечно созреа и ги поби критиките на сите песимисти низ годините.
Се започна со победата на Европското Првенство во 2008 година, потоа неизвесниот триумф на Светското Првенство во 2010, и се разбира веќе очекуваната одбрана на европската титула во 2012.
Шпанија направи револуција во фудбалот, на клупско (Barcelona, Real Madrid, Atletico Madrid…) и репрезентативно ниво. Меѓу главните протагонисти за издигнувањето на шпанскиот фудбал се Andres Iniesta, Xavi Hernandez, Iker Casillas и многу други. Шпанија сеуште ги поставува стандардите во светскиот фудбал.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
5 легендарни голови во фудбалот
5те најдобри “глумци” во светскиот фудбал
5те физички најдобро подготвени фудбалери во светот
Пронајдете не на следниве мрежи: