Вајда: Ѓоковиќ е вистински спортист

Тренерот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда, смета дека оваа сезона за српскиот играч била подобра од претходната.

Ѓоковиќ, во средата навечер, одигра егзибиционен меч со Мартин Клижан, подоцна во игра на двојки им се приклучија Вајда и Доминик Хрбати.
„Новак ја одбрани првата позиција, што е исклучително тешко да се направи. Поради тоа велам дека оваа сезона е поуспешна од претходната, иако на моменти не беше се совршено. Исклучително добро го одигра турнирот во Лондон, каде двајцата играчи одиграа со високо темпо. Ѓоковиќ тука покажа исклучителна ментална сила“, рече Вајда.
„Новак не ја одбра вистинската тактика на почетокот, но подоцна ја смени и започна неговата доминација на теренот. Доби повеќе самодоверба, а беше видливо дека физички е поподготвен од противникот. Роџер на моменти играше перфектно и беше во можност да го освои првиот сет. Сепак Новак покажа дека има челични нерви и демонстрираше кој е подобар“, дополни Вајда.
Тренерот на Ѓоковиќ ги истакна целите за следната година, која ќе започне со Грен слем турнирот во Мелбурн.
„Новак е вистински спортист, целосно му е посветен на тенисот. Тој сака да го одбрани тронот, но целта ќе ни биде да оствари максимални резултати на Грен слем турнирите“, нагласи Вајда, кој го даде видувањето кој може да му биде најголем ривал на Ѓоковиќ во 2013 година.
„Иван Лендл дава се од себе тоа да биде Енди Мари. Новак, меѓутоа знае и чувствува дека може уште многу да напредува и подготвен е да ги оствари целите, без оглед на силата на противникот“, истакна словачкиот тренер.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Ѓоковиќ за хуманитарни цели собрал 1,4 млн. долари

Ѓоковиќ против Федерер во финале

Фото: Како хрватот Карловиќ му честиташе на Џоковиќ

 

Пронајдете не на следниве мрежи: