Еден од најпознатите дијаманти во светот. 76-каратниот дијамант на австрискиот надвојвода Јосиф Август, е подаден на аукција во Женева за повеќе од 20 милиони швајцарски франци, или 21 милион американски долари.
Славниот дијамант потекнува од најпознатите дијамантски индиски рудници Голконда, а продаден на анонимен купувач на наддавањето организирано од аукциската куќа Christie's во швајцарскиот град Женева.
„Ова претставува светски рекорд за дијамант од Голконда и рекордна цена за карат за безбоен дијамант“, изјави Франсоа Куриел, директор на меѓународниот оддел за накит во аукциската куќа Christie's каде очекуваа дека овој дијамант ќе биде продаден за околу 15 милиони долари.
Инаку од рудниците Голконда потекнуваат некои од најпознатите дијаманти во светот, како Кох-и-Нур, Дрезден грин и Блу хоп.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Фустан со црни дијаманти вреден 5.6 милиони долари
iPhone 5 украсен со дијаманти
Проголтал 220 дијаманти поради шверц
Пронајдете не на следниве мрежи: