Згасна белградскиот весник Press, ќе работи само како портал

Белградскиот дневен весник Press, од четврток е згаснат и од утре веќе нема да може да се купи на киосците.

Press ќе излегува само во електронска форма како портал.
Згаснувањето на весникот следи по неколку дена, откако претседателот на Delta Holding, Мирослав Мишковиќ, најави дека се повлекува од дневниот весник Press, како најголем поединечен сопственик.
Со своето соопштение дека ќе се повлече од Press, прв пат беше обелоденето дека Мишковиќ е еден од сопствениците на тој дневен весник.
„Како најголем поединечен сопственик на весникот Press, донесов одлука да се повлечам од сопственичката улога и да престанам со понатамошна финансиска поддршка на овој белградски весник“, вели Мишковиќ во соопштението.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: