КФОР запре протесна поворка со возила со Срби

Американските припадници на меѓународните сили на Косово, КФОР, околу пладне во четвртокот пред административниот граничен премин со Србија, Јариње, ја запреле колоната од неколку десетици возило со Срби од северот на Косово.

Како што извести електронското издание на белградскиот дневен весник Блиц, Србите од кои тргнале во протесна поворка поради имплементацијата за интегрираното управување со граничните премини меѓу Србија и нејзината поранешна покраина Косово којашто во 2008 година еднострано прогласи независност.
Припадниците на КФОР на магистралниот пат кон преминот Јариње на еден од мостовите поставиле бодликава жица и ја запрела колоната која се движела од местото Лепосавиќ.
Се водат разговори со американските војници од кои Србите бараат да им се дозволи минување до административниот премин, по што би се вратиле во Косовска Митровица.
Војниците на КФОР ги пропуштале само возилата кои не се во колоната.
Претпладнето по 10 часот неколку десетици возила тргнаа од Косовска Митровица и Звечани во северно Косово, а организатори на протестот се досега помалку познатите здруженија Здружение на српско-словенска солидарност и Народното движење Татковина.
Како дел од договорот меѓу Белград и Приштина за управување со административните премини кај Јариње и Мердаре ќе биде спроведен пилот проект, а Србија ќе инсистира на нив Еулекс да има извршна функција, односно контролата на премините да ја имаат неговите претставници.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: