691 основни и средни училишта за два дена ќе ги отворат вратите за учениците. Владата даде зелено светло 554 училишта да почнат со физичко присуство. Но потоа на листата додаде уште 137 образовни установи кои ги исполнуваат условите за овој вид настава.
Да се даде согласност за започнување на настава со физичко присуство за:
129 основни училишта
5 музички училишта
3 средни училишта
Според последната одлука, Владата не дала согласност на:
91 основни училишта
33 средни училишта
И додека македонските ученици имаат уште два дена до почетокот на учебната година. Во повеќето балкански земји училишното ѕвонче се слушна уште во септемви.
Во едни земји децата седнаа во училишните клупи, во други, учениците учат по комбиниран модел. Бугарија, Грција и Албанија училиштата ги отворија уште минатиот месец, за сите ученици. Иако родителите реагираат, со физичко присуство ќе учат и децата во Црна Гора, но од први октомври.
Дел онлајн, дел со физичко присуство веќе учат децата во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Србија на училиште тргнаа децата од прво до четврто одделение. Во Босна и Херцеговина од прво до петто. Додека пак во Хрватска секое училиште самостојно одлучува по кој модел ќе работи, согласно епидемиолошката слика.