Тврди дека е вампир, па бара донатори на крв

 

“Потребен ми е донатор на крв. Донирањето не е забавно, ниту е поврзано со мистичност и секс, но може да биде ако така се договориме.” – напишано е во огласот на 21-годишен Американец од Seattle. Вели дека не сака да наштети никому, но дека едноставно му е потребна човечка крв.

“Ги поздравувам сите кои го читаат ова. Своето име не можам да го откријам, но треба да знаете дека сум вампир.” – напишал тој. 

Вели дека сеедно му е дали донаторот ќе биде маж или жена, но додава дека сепак кога би можел да бира би одбрал маж. 

“Мажите повеќе ми се допаѓаат кога станува збор за крв и секс. Би било одлично ако сте AB негатив и 0 негатив крвна група, затоа што на овие крвни групи сум навикнат. Ова би било интимно искуство.” – стои во огласот објавен на интернет. 

Некој очигледно гледал премногу филмови, но како што велат луѓето – секакви има. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 Верувате ли во духови?

 

 Дух фатен на камера!?

 

 Запознајте го човекот-волк

Пронајдете не на следниве мрежи: