По премиерата на Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2, во Лос Анџелес, и нејзината појава во проѕирен фустан надополнет со златна долна облека, Кристен Стујарт појавувајќи се на лондонската премиера од филмот, на присутните им приреди ново изненадување.
Појавувајќи се во креација на обожаваниот Zuhair Murad, надополнета со високи потпетици од Christian Louboutin, притоа неносејќи градник под својата црна чипкаста креација, Кристен повторно усепа да изнуди воздишки и позитивни критики за својот изглед.
Креација која ја истакнуваше нејзината витка фигура со гол грб.
Актерката самоуверено позираше во друштво на своето момче Роберт Патинсон, кој неодамна и прости за аферата со оженетиот режисер.
И покрај стравовите на глумицата, дека нејзината афера ќе има негативно влијание на гледаноста на филмот, како и неговите фанови, по неколкуте заљубени фотографии надополнети со совршени појави во јавноста конечно може да здивне.
Погледнете ги следниве статии
Проѕирна креација и златна долна облека – Добитната комбинација на Кристен Стујарт за премиерата на Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2
Последниот дел на Twilight Saga, избегна забрана за гледаност од страна на тинејџерите
Моника Белучи воодушевена од талентите на своите ќерки
Пронајдете не на следниве мрежи: