“Тато, купи ми маче”, вака звучеше желбата на седумгодшниот Реми Урбано. Таткото по име Ден, по долго време го даде својот позитивен одговор, дека неговите деца може да чуваат и добијат маче. Но, под еден услов!
Доколку фотографијата на која момчето со својата мала сестричка држејќи натпис на кој се наведува дека сакаат нивниот татко да им купи маче, собере повеќе од 1.000 лајкови на социјалната мрежа Facebook.
Фотографијата на двете симпатични дечиња ги доби потребните 1.000 лајкови, фотографија која за неколку часа по нејзиното објавување стана и една од најгледаните слики на друштвената мрежа Facebook со повеке од 100.000 лајкови.
Сликата на Facebook ја поставила нивната мајка притоа коментирајќи: “Ден мисли дека неможеме. Јас велам дека ќе видиме. Помогнете ни. Силно посакуваме маче кое ќе се вика Hairy Pawturrr”.
Сепак после се таткото се изјасни дека собирањето на лајкови била само една идеја со која сакал да добие на време. Не ни помислил дека тоа ќе биде толку брзо.
Погледнете ги следниве статии
Куче од милион евра
Безгранично пријателство: бабата Misao и мачката Fukumaru станаа хит на интернет
Исланд го менува своето име! Кои се вашите предлози?
Пронајдете не на следниве мрежи: