Оливер Лазаревиќ за „Пулс24“: Ја претставивме Македонија во најдобро светло

На 28-ми октомври во Подгорица (Црна Гора) се оржа 19-от Подгорички маратон на кој организирано преку Скопскиот маратон учествуваа 38 тркачи-ки од Македонија (6 во маратон и 32 во полумаратон).

На стартот на 19-от Подгорички маратон македонските тркачи ги поздрави и македонскиот амбасадор во Црна Гора, г-динот Александар Василевски.
Ниту најавените лоши временски услови за време на викендот не ги поколебаа нашите маратонци да земат учество на 19 Подгоричкиот маратон

Оливер Лазаревиќ ( маратонец )…

„И единствента оптимистичка прогноза за сончев или облачен ден падна во вода денот кога пристигнавме.Сепак и тоа беше ретка шанса да се трча по таков дожд па сите ја искористивме, каде и ја преставивме Македонија во најдобро светло“ изјави Оливер Лазаревиќ за „Пулс24“.

Најдобар пласман во маратонската трка од македонските натпреварувачи оствари Трпе Мартиновски кој го освои 16-то место во генерален пласман со време од 2 часа 57 минути и 58 секунди. Во полумаратонската трка најдобри пласмани од македонските учесници остварија Кокан Ајановски (10 место, резултат 1:17:35) кај мажите и Марија Богдановска (7 место, резултат 1:38:47) кај жените.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фудбалерот на Арсенал Сеад Хајровиќ во интервју за „Пулс24“: Сеуште имам време да размислам за Македонија!!!

 

 

 

 

 

 

 

Видео: Гол на сите времиња… Ибра-кадабра ја „СРУШИ“ Англија!!!

 

 

 

 

Фото: Тоа не е чудо, тоа е новиот миленик на македонската публика… АГИМ ИБРАИМИ!!!

 

 

 

 

 

 

 

Анализа: Одличната игра крунисана со три голови, „ОВА Е ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ“!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: