Младата зебра Зое би можела да го даде конечниот одговор на вечната дилема дали зебрите се всушност црни со бели пруги или бели со црни пруги.
Зебрата Зое е родена на островот Молакаи, и претставува исклучително редок примерок на бела зебра, а моментално е сместена во заштитувалиштето за егзотични животни Three Ring Ranch.
Зое не е албино, какошто на прв момент би помислиле сите. Нејзината невообичаена боја е како последица на амеланоза, поради и која има златникави пруги и плави очи. Оваа состојба е уште позната и под таканаречениот синдром “смртoносна белина”, со оглед на нејзината поврзаност со низа на останати сериозни вродени маани.
Иако оваа појава не е толку многу ретка појава кај овој вид на животни, сепак ваквите случаји на родени животни, преживуваат само по неоколку дена. Причината би била едноставна, зебрите својата боја ја користат за камуфлажа и вклопување во остатокот од опкружувањето се со цел нивно преживување во таа средина.
До денес се познати два случаји на бели зебри кои живеат во заробеништво. Едната од нив живеела во Германија, пред неколку стотици години, а другата во зоолошката градина во Токио, во 1970 година.
Во моментот Зое претставува единствената позната и жива бела зебра.
Што се однесува до здравствените проблеми, Зое е сосема здрава бела зебра освен моментално лошиот ноќен вид, за кој сите се надеваат дека ќе биде подобрен во иднина.
Погледнете ги следниве статии
Се роди едноока коза во Индија
Галерија од Албино животни
Климатските промени би можеле да значат крај за пандите
Пронајдете не на следниве мрежи: