Каде живее Facebook?

Секој пат кога ќе го посетите вашиот Facebook профил или со вашите пријатели ќе споделите некоја фотографија, сите информации – од шифрите кои ги впишувате па се до фотографиите кои ги објавувате, завршуваат во една градба која е долга 400 метри, и се простира на површина од 100.000 квадратни метри во Форест Сити, Северна Каролина.

Без разлика која е вашата локација низ светот, секој пат кога ќе го посетите Facebook вашето име и вашата шифра поминуваат низ серверот. Долга низа на сервери која ќе овозможи да го отворите вашиот профил. Доколку објавите фотографија, и таа исто така ќе заврши во центарот сместен во Форес Сити, но во друга просторија.

Сите некогаш обајвени фотографии на Facebook, се наоѓаат токму во овој центар.

Место кадешто се сместени повеќе од 100.000 сервери. Секој од нив со доволно моќ да покрене и издржи една мала фирма. Место, центар, кој користи толку огромно количество на енергија, кое пресметано по домаќинства би било колку енергија потребна за 1.000 домови.

Во случај на недостаток на струја или доколку би снемало, тогаш Facebook се потпира и надополнува со своите 14 огромни генератори.

Причините поради кои Facebook својот центар го има сместено во Форест Сити се ниските цени на електричната енергија, како и помошта која ја добиваат од Северна Каролина и округот Ратерфорд.

Facebook за своите потреби во моментов гради уште еден таков центар на истата локација. Со милијарди корисници, на Facebook му е потребен простор за понатамошно растење.

 

Погледнете ги следниве статии

 Им ветил дека ќе им купи маче доколку соберат 1.000 лајкови

 

 

 

 Исланд го менува своето име! Кои се вашите предлози?

 

 

 

 

 

 Тврди дека е вампир, па бара донатори на крв

Пронајдете не на следниве мрежи: