Иран ја осуди израелската воена операција во Газа

Loading...

Иран во четвртокот побара од Обединетите нации и од Европската унија да ја запрат „варварската“ офанзива на Израел против палестинските вооружени групи во Појасот Газа, нарекувајќи ја операцијата „организиран тероризам“.

“Неопходна е брза и сериозна акција на меѓународните организации за да се сопре воениот поход против народот во Газа“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи во соопштението што го пренесе иранската официјална новинска агенција Irna.

Салехи ова барање го изнел во писмата упатени до челниците на Обединетите нации, Европската унија и Организацијата за исламска соработка (OIC).

„Варварските напади му овозможуваат на ционистичкиот режим (Израел – з.р) да врши колеж врз Палестинците и да шири несигурност и нестабилност во регионот“, предупредува Салехи.

Неговиот портпарол Рамин Мехманпараст изјави претходно во четвртокот дека Иран „остро го осудува криминалното однесување на ционистичките воени сили кои убиваат цивили“ и дека офанзивата ја смета за „организиран тероризам“.

„За жал. Колежот на невините Палестинци кои не можат да се бранат стана вообичаена постапка на ционистичкиот режим“, рече Мехманпараст.

Командантот на палестинското исламистичко движење Хамас кое ја има контролата врз Појасот Газа, Ахмад ал-Џабари беше убиен во напад на изралеското воено воздухопловство кое почна операција против вооружените групи во палестинската енклава, поради што ОН одржаа вонредна седница на Советот за безбедност на којашто САД ја потврди својата решителна поддршка за Израел.

Во израелската офанзива што следеше од средата и во палестинските одговори со гранатирања врз граничните области на Израел, досега животите ги загубија 16 Палестинци и тројца Израелци.

Макфакс

loading...
Loading...