Кога некој на суд ќе признае дека е виновен за закани за бомбашки напади, измами со кредитни картички, кражба на идентитет и слични казнени дела, поголемиот дел од луѓето би помислиле дека се работи за опасен cyber криминалец, но минатата недела на суд во Калифорнија вината за овие дела ги призна 15-годишно момче.
Овој млад хакер, чие име не е познато на јавноста, но во хакерските кругови го знаат како Cosmo the God, користел интернет за во склоп на својата хакерска група (UG Nazi) да учествува во бројни cyber напади и рушење на страните на NASDAQ, CIA, UFC итн, а исто така превземал и контрола врз профили на Amazon, PayPal и други.
Уапсен е во јуни оваа година, а на судењето кое заврши минатата недела беше осуден на забрана на самостојно користење на интернет и компјутери во наредните 6 години. На личноста која ќе ја надгледува неговата употреба на компјутери ќе мора да ги каже сите свои лозинки за пристап на разни интернет-сајтови. Забранет му е било каков контакт со други членови на UG Nazi и Anonymous.
Според Wired, Cosmo ги признал своите дела за да избегне затворска казна.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Македонска хакерска група ги растура грчките веб страни
Anonymous го одбележаа денот на Guy Fawkes
Anonymous со закани до големите корпорации
Пронајдете не на следниве мрежи: