Се чини дека СДСМ, односно Црвенковски наспроти локалните избори полека, но сигурно го губат својот фокус. Наместо активноста да се насочи кон политичкиот конкурент, таа е насочена кон неистомислениците во сопствените редови.
Деновиве сме сведоци дека нешто не е во ред во СДСМ. Неколку истакнати доскорешни активисти најавија дека ќе се кандидират и борат за мандати во своите градови како независни. Тоа доаѓа како последица на неможноста да се кандидираат како кандидати на СДСМ, односно изразува затвореност на каналите нагоре. Или пак едноставно не му се по воља на врвот на партијата, читај Црвенковски.
Па така во Ресен и Куманово се поизвесно е дека СДСМ ќе се бори против СДСМ. Оваа незгодна ситуација наместо да се бара начин да се затвори со некакви продемократски разговори внатре партијата Петров, генералниот секретар само ја доразгоре. Имено, тие поднесоа кривична пријава за корупција во Телеком, а истата се однесува на времето кога премиер беше Бучковски, тогашен претседател на СДСМ. Ова неможе да се толкува никако поинаку од обид да се дисциплинира тој и неговите истомисленици кои се чини не се малку.
Веднаш по објавата на кривичната пријава за телеком, започна оркестриран напад на истакнати активисти на СДСМ врз Бучковски на социјалните мрежи и потралите за кои се смета дека се блиски до нив. Што само ја потврдува тезата дека всушност кривичната е наменски поднесена да се дисциплинираат непослушните во сопствените редови. А само за потсетување, при аферата „делови за тенковите“ за која Бучковски беше осуден три ипол години затвор, СДСМ организираше протести пред судот. Потоа пресудата беше поништена на апелација. Се чини дека тогаш неговото однесување било во иста линија со Црвенковски или било лукративно преку такви протести да се проба да се добие некој политички поен. Денеска веќе Бучковски не им од корист кога размислува поинаку.
Наше мислење е дека состојбите во најголемата опозициска партија не се добри. А нема многу време да се подобрат, во пресрет на локалните избори. Време е да се средат, демократизираат и да понудат вистински решенија со кои би биле компетитивни на ова што сега го имаме. Сегашните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ го искористија овој мандат да го сменат, модернизираат ликот на своите општини во многу. Со тоа го придобија јавното мислење. Тоа значи дека тешко ќе може да им се земе мандатот со вака раскарана СДСМ…
Пронајдете не на следниве мрежи: