Ќерката на рок-ѕвездата Jon Bon Jovi е една од двајцата студенти кои беа уапсени по предозирање со хероин во студентскиот до Danham на колеџот Hamilton, вели полицискиот извештај од американскиот град Kirkland.
Полицајците по дојавата дошле во студентскиот дом и затекнале 2 студенти, 21-годишниот Ian S. Grant и 19-годишната Stephanie R. Bon Giovi, предозирани со хероин. Парот е уапсен и обвинет за поседување и конзумирање на тешки дроги. Stephanie, според медиумите, сеуште се опоравува во болница во САД.
По овој инцидент, претставници од колеџот соопштиле дека соработуваат со полицијата во решавањето на случајот и велат дека против студентите ќе се покренат дисциплински постапки, но информации за последиците од истите нема да бидат достапни за јавноста.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Најдобрата верзија на Living on a prayer од Бон Џови
“George Michael ќе умре од кокаин и алкохол – сеуште се дрогира!”
Catherine Zeta Jones: Психички сум болна и не се срамам од тоа!
Пронајдете не на следниве мрежи: