Најентузијастичните лажговци од целиот свет се собраа во мал паб во северозападна Англија за да се борат за титулата “Најголем лажго на светот за 2012”.
Судиите мораа да ја донесат својата одлука по двочасовниот натпревар во Bridge Inn во Santon Bridge. Секој натпреварувач имал по 5 минути да ги импресионира судиите со шокантна, но убедлива лага. Минатата година на ова натпреварување победил работник од нуклеарна централа по име Glen Boyland, кој имал приказна дека гледале трка на полжави со принцот Charles.
За жал, на политичарите не им бил дозволен влез на натпреварот, бидејќи се сметало дека имаат некоретна предност во однос на другите поради своето искуство.
Натпреварувањето било започнато во чест на сопственикот на пабот, Will Ritson, кој во XIX век бил познат по своите необични приказни.
Настанот бил спонзориран од локалната пиварница Jennings, која за оваа специјална прилика направила и специјално пиво.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Мажите лажат повеќе од жените?
Како лажат хороскопските знаци
Ви ги откриваме 'лажните' имиња на славните!
Пронајдете не на следниве мрежи: