Хрватскиот Сабор во петок треба да ги потврди промените во Владата, по оставката на досегашниот вицепремиер и министер за економија Радомир Чачиќ.
Чачиќ се повлече од функцијата откако во Унгарија беше осуден на затворска казна од една година и девет месеци поради предизвикување сообраќајна несреќа во 2010 година во која загинаа две лица.
За нов министер за економија ќе биде именуван досегашниот министер за градежништво, Иван Врдољак, додека на вицепремиерското место доаѓа актуелниот шеф на хрватската дипломатија Весна Пусиќ.
макфакс
Погледнете ги следниве статии
Хрватска отпушта 20.000 работници во државната управа
Хрватска му врти грб на регионот поради ЕУ
Хрватска: Вицепремиерот поднесе оставка заради сообраќајка
Пронајдете не на следниве мрежи: