Како треба да флертувате за да ја ”добиете”

Многу машки наоѓаат тешкотии кога ќе стане збор за приоѓање на девојка и започнување на разговор. Најчесто, ако не и единствени причини се срамежливоста и стравот да бидат откачени; популарно наречено „да добиат корпа“.

 

И не само приоѓањето, самиот разговор знае да стане неподнослив поради неорганизирани реченици. Еве три едноставни совети кои секогаш ќе бидат на ваша страна.

 

1. Задевајте ја малку, или како што би рекле нарoдски „задевајте ја“. Нормално, треба да се има граници. Жените сакат да бидат насмеани, а интересен е фактот што ситна шега на нивна сметка ќе создаде интересна ситуација во која и таа ќе ви врати со мало задевање на ваша сметка. Пример: „Многу голема ташна имаш! Ги носиш пиштолите внатре?“ или слично.

 

2. Бидете кул. Кога веќе ќе почнете со разговорот, однесувајте се кул. Бидете опуштени, релаксирани, давајте интересни забелешки со доза на хумор. Чуствувајте се релаксирано како да правите муабет со вашиот најдобар другар. Тоа однесување дава слика дека сте озбилени, забавени, а и дека во вас има нешто што чека да биде откриено.

 

3. Земета ја контролата во ваши раце. Ова најдобро се постигнува кога не одговарате директно на секое прашање. Значи оставете малку мистерија за неколку моменти. Во тие моменти фрлете доза на сличен хумор како задевањето, нормално на ваша сметка. Еве пример: Ако ве праша со што се занимавате, не го давајте вистинскиот одговор веднаш (Јас сум доктор или Јас сум Архитект). Направете мала шега со што ќе кажете дека сте познат модел за светски бренд или слично. Секако, одкако ќе се помине забавата на таа досетка, културно ќе е да кажете со што се занимавате. И полека работите ќе почнат да си врват како што треба.

 

Погледнете ги и следниве статии:

7 најлуди машки фантазии

 

Каков е вашиот љубовник

 

Девет најлоши причини за секс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: