Нашол лото-ливче од милион долари старо 2 месеци чистејќи ја својата работна маса

Ron Yurcus се обидувал да ослободи простор на својата работна маса во неговиот дом во Glen Ellyn, Illionis, и “случајно налетал на лото-ливче од еден милион долари” (колку добро звучи тоа, нели?). Среќникот поседувал добитно ливче за еден милион долари кое го купил од цели 2 месеци претходно. 

“Имаше насобрано околу 12 ливчиња на мојата маса, па решив малку да средам за да направам простор за мојот нов компјутер. Ги проверив бројките на интернет и одеднаш сфатив дека сум добил 1 милион долари! Морав да ја чекам сопругата да провери уште еднаш, бидејќи јас не си верував на очите.”

Yurcus планира парите да ги потроши на патувања со своето семејство, како и да донира во хуманитарни цели. 

“Отсекогаш сме посветувале време и љубов на хуманитарни акции, сега можеме да помогнеме и финансиски. Сакам и да отпатувам во Литванија. Моите родители потекнуваат од таму, па отсекогаш сум сакал да отидам.”

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 Браќа чекале шест години за да потврдат лото добивката од пет милиони долари

 

 Британец добил рекордни 190 милиони евра на лото

 

 Среќниот добитник на 337 милиони долари на лотаријата Пауербол протестира против американскиот даночен систем

Пронајдете не на следниве мрежи: