Неколку причини плус за да пиете пиво

Алкохолот е најдобро кога е сведен на најмала можна мерка, но кога ќе посакате да се почестите со едно пивце, еве неколку добри причини, колку совеста да ви е чиста.

Пивото содржи витамини Б и Б2 и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор. Содржи и витамин Б6, кој е потребен за создавање хемоглобин, а исто така разнесува и кислород низ организмот и помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта. Пивото може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.

Познато е дека темното пиво е поздраво отколку светлото, бидејќи содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти.

Кога се пие во мали количини пивото може да помогне да се покачи нивото на ХДЛ (корисен холестерол) во телото и да ја намали веројатноста за појава на згрутчување на крвта.

Оние кои пијат пиво умерено, помалку се подложни на создавање на камен во бубрег, бидејќи пивото, покрај останато, е и диуретик. Состојките во пивото исто така го забавуваат лачењето на калциумот од коските.

 

Погледнете ги и следниве статии:

Најјакото пиво на светот

Најдобрите земји за пиво во светот

Пиво од тестиси на бик!

Пронајдете не на следниве мрежи: