Изгубил се затоа што сака да носи фустани

Loading...

Владимир Формин (44) од рускиот град Кинишме некогаш бил секојдневен човек и по ништо не се издвојувал од својата средина. Меѓутоа, одвнатре со години бил многу несреќен затоа што немал храброст да го носи она што најмногу го сака од облеката – фустани. 

Кога конечно се ослободил и ги заменил пантолоните со фустани, платил скапа цена затоа што загубил скоро се – работата, сопругата, синот и најголемиот дел од пријателите. Единствената личност која ден денес го поддржува е неговата мајка, која е горда на него затоа што тој се бори за своето право да биде она што го прави среќен. 

Владимир не е ниту хомосексуалец, ниту травестит. Верува во борбата за правото секој маж да го носи она во што се чувствува најудобно. 

За жал, неговите сограѓани немаат ни малку разбирање за неговата борба, па Владимир е често физички и вербално напаѓан. 

Но, камо среќа тоа да се единствените негови грижи. Исфрлен е од универзитетот на кој студирал, никој не сака да го вработи, па тој живее само од она што го засадува во својата градина. 

Со оглед на тоа што нема намера да се предаде и да се покори на нормите кои општеството му ги задава, се чини дека уште долго ќе остане одметник, кој едвај ќе спојува крај со крај поради облеката која некои мажи во извесни делови од светот ја носат стотици години наназад. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 4 луѓе кои го променија светот, а никој не слушна за нив

 

 “Робосекс” на иднината за подолг живот

 

 Ја тужел жена му затоа што била грда

loading...
Loading...