CIA отвора истрага за аферата Петреус

По FBI и Пентагон, истрагата која доведе до оставка на директорот на централната американска разузнавачка агенција, генералот Дејвид Петреус, отвори и самата CIA.

Агенцијата на чиешто чело Дејвид Петреус беше само 14 месеци, отвори административна истрага, соопшти портпаролот на CIA, Пеестон Голсон. Рече дека истрагата е „неофицијална и дека не очекува никакво посебен резултат”.

Петреус си поднесе оставка на 9-ти ноември кога ја призна својата интимна врска Пола Бродвел, поранешна офицерка на американската армија којашто престојуваше во Авганистан кога генералот командуваше со американските сили во оваа земја и коавторка на неговата биографија.

Љубовната афера којашто доведе до оставката, ја откри американското федерално истражно биро FBI во рамките на истрагата за упад во безбедносниот систем на CIA, а која вклучувала и отворање на електронската пошта на Петреус. Истрагата доведе до пораките кои откриваат дека Петреус е во љубовна врска со Пола Бродвел.

Сега не се води правосудна истрага за Петреус. Доверливи документи се пронајдени во компјутерот на Пола Бродвел, меѓутоа засега ништо не укажува дека ги доставил поранешниот директор на CIA. Генералот Петреус во четвртокот за CNN изјави дека никогаш не и' доставил доверливи документи на Бродвел.

Американскиот министер за правосудство, Ерик Холдер, исто така, изјави дека оваа афера никогаш не претставувала закана за националната безбедност. Претседателот Барак Обама, во средата рече дека ние видел доказ за ширење на тајни информации коишто би имале негативни последици за националната безбедност.

Пентагон, исто така, води истрага за генералот Џон Ален, кој негира каков и да е престап, поради можни непримерени комуникации со Џил Кели, позната личност од јавниот живот на Флорида, чиешто семејство е блиско со семејството Петреус. Кели се наоѓа во центарот на аферата, бидејќи како што беше првично соопштено таа пријавила дека добива заканувачки електронски пораки, за коишто е откриено дека ги испраќала љубоморната Пола Бродвел, со што ја признала својата врска Петреус и преписката меѓу Џин Ален и Џил Кели.

Макфакс

 

Погледнете ги следниве статии

 

Оставка на директорот на ЦИА поради љубовна афера

Откриен идентитетот на жената која ја уништи кариерата на Петреус

Генералот Ален може да е поврзан со скандалот со Петреус

Пронајдете не на следниве мрежи: