Експлозија на луксуз и стил во станот на Коко Шанел

Габриел Коко Шанел се смета за една од најзначајните икони во модниот дизајн на 20тиот век. Оваа генијалка најмногу се памети по три работи: парфемот No.5 Chanеl, сакото и здолништето до колена и малиот, тесен црн фустан кој го популаризираше актерката Одри Хепберн. 

Коко живеела во посебен животен стил кој е многу впечатлив и по нејзиниот стан во Париз, кој стратешки беше сместен над нејзината продавница Chanel. Овој простор на неа и служел како засолниште за да избега од светот секогаш кога ќе посакала малку мир и тишина, далеку од модната фама и збрка во модниот свет.

Лукзуниот стан е преполн со уникатни, изработени парчиња на мебел, а во просторот доминираат црната и златната боја. На сликите може да се види и столот на која таа седела и ги набљудувала ревиите кои се одржувале во нејзинот бутик…

Погледнете ги и следниве статии:

Chanel 5 опасен за користење

 

 

Chanel – Пролет 2013

 

 

Викторија Бекам со разголени слики за Шанел

 

Пронајдете не на следниве мрежи: