Да му се заблагодариме на фотографот Џеф Кремер, главниот виновник која ја направи фотографијата на изгубениот град на инките Machu Picchu, во досега најголемата резолуција.
Фотографијата која е со резолуција од 15,9 гигапиксели, односно 15.900 мегапиксели, ви овозможува да го погледнете целиот град до најситниот детал.
Кремер за потребната изработка на оваа фотографија го користел апаратот “Canon 7D” со објектив од 400 милиметри.
Оваа фотографија всушност е составена од 1.920 слики сликани со помош на камерата која се наоѓала на подвижен држач, слики кои подоцна се спојувани една со друга.
Инаку Џеф Кремер е фотограф кој работи во туристичка агенција специјализирана за туристички патувања во Перу и организирање на фото тури.
Во 2008 година Светскиот фонд за заштита на споменици, Machu Picchu, го додаде на листата за 100 најзагрозени места во светот поради еколошката деградација предизвикана од големиот број на туристи.
Machu Picchu е светиот или за некои подобро познат изгубениот град на Инките, кој се наоѓа на височина од 2.350 метри во делот на источните Анди, и се смета дека е изграден пред околу 1.300 години.
Содржи околу 200 градби сместени во внатрешните ѕидини направени од огромни камени блокови.
Од 1983 година Machu Picchu се наоѓа под заштита на UNESCO.
Фотографијата со најголема резолуција досега можете да ја погледнете на следниот линк.
https://www.telegraph.co.uk/travel/activityandadventure/9681432/Machu-Picchu-the-highest-resolution-image-ever-taken.html
Погледнете ги следниве статии
Каде живее Facebook?
Погледнете како изгледаше помрачувањето на Сонцето од вселената
Запознајте се со белата зебра Зое
Пронајдете не на следниве мрежи: