7 видови храна што не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката

Некои видови храна се расипуваат брзо, а складирањето во фрижидер само малку го забавува процесот на расипување. Затоа е најдобро оваа храна да ја јадете колку што е можно побрзо, односно да не ја чувате во фрижидер повеќе од 48 часа по термичката обработка.
7 видови храна што не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката
1. Ориз
Верувале или не, но многу брзо по термичката обработка, во оризот се создаваат бактерии што се непожелни за човечкиот организам, па затоа е најдобро да ja јадете оваа храна колку што е можно побрзо, односно не подоцна од 48 часа по готвењето. Откако ќе се излади оризот, чувајте го во фрижидер и ако е потребно, повторно загрејте го пред јадење.
2. Тестенини
Тестенините „се однесуваат“ многу слично како оризот. Бактеријата Bacillus cereus се формира по готвењето, па затоа е најдобро да не ги јадете тестенините подоцна од 48 часа по готвењето. Се разбира, тестенините треба да се чуваат во фрижидер. Ако случајно не ги чувате во фрижидер преку ноќ, најдобро е да ги фрлите.
3. Компири


Ботулизам е труење со токсинот Клостридиум ботулинум, кој најчесто се наоѓа во конзервираната храна и во саламите. Сепак, откриени се и случаи на присуство на токсини во компирите, особено кај оние печени во алуминиумска фолија. Бидејќи компирот не се препорачува да се загрева, најдобро е да не оставате ништо за следниот ден.
4. Школки
Школките можат да бидат извор на многу опасности за човечкото тело – од алергии до труење. Најдобро е да ги купувате од доверливи извори и да ги јадете веднаш по уловот. Суровите школки може да се чуваат во фрижидер најмногу 48 часа пред да станат опасни за човечкото тело, а термички обработените треба да се јадат веднаш.
5. Риба
Термички обработената риба има малку подолг рок на траење од школките, но кога ќе се стави во фрижидер, таа ги губи вкусот и текстурата. Затоа, подгответе онолку колку што можете да изедете веднаш.
6. Пилешко
Пилешкото е една од најфлексибилните намирници што може да се готви на 1001 начин. Но, може да биде и извор на труење со салмонела ако не се обработи термички до крај. Говедското месо можете да го јадете полупечено, но не и пилешкото. Во текот на печењето пилешко месо, температурата мора да достигне до 75 °С.


7. Печурки
Грчевите во стомакот се чест симптом на јадење стари и погреани печурки. Поради тоа, најдобро е да ги јадете веднаш по термичката обработка, а најмногу 24 часа по готвењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.