7-годишно девојче од Македонија по вторпат ја донираше својата коса за деца болни од рак

Малата Дина има срце големо колку планина. 7-годишното девојче по вторпат во животот ја донираше својата коса за перики за деца болни од рак.

Овој прекрасен гест на Дина е само за пофалба.
„По две години повторно, по втор пат, косата ни е спремна за донација, за изработка на перики за децата болни од рак. Со секојдневни мали чекори, заеднички можеме да допринесеме до посреќно детство на сите дечиња“ – вели нејзината мајка Селма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.