7-дневна диета со јаготки за минус 3 килограми

Искористете ја сезоната на јагоди и испробајте ја оваа диета која гарантира дека за една седмица ќе загубите 3 килограми.
Јагодите се богати со витамин Ц и со фолна киселина, одлични се за регулирање на метаболизмот, а се препорачуваат и за регулирање на крвниот притисок. На психолошки план, го намалуваат стресот и го зголемуваат расположението. Оттука и оваа диета е здрава, а во текот на нејзиното “држење“ нема да се чувствувате нервозни, туку напротив убаво расположени.

Прв и петти ден

Појадок – Овошна салата со 300 г јаготки, половина јаболко и половина банана. Исечкајте ги на ситни парченца, измешајте ги, ставете ги во чаша и додадете 50 мл јогурт со мала масленост, по желба и една кафена лажичка мед.

Ужина – Шејк од 100 г јаготки со 100 мл немасно млеко, додадете половина лажичка мед и 50 мл минерлна вода. Се добро изматете.

Ручек – Салата која се прави со 150 г јаготки, парченце мисиркини гради, 100 г краставица, 20 г мелени ореви, 1 лажица лимонов сок, малку сезонски зеленчук по желба (може и пакетче за супа) и лажичка маслиново масло.

Ужина – Јогурт со јагоди. Измиксајте 100 г јагоди и 100 мл немасен јогурт со лажичка мед.

Вечера – Салата. Измешајте 1 варен компир, главица ситно исечкан кромид, 1 мал варен корен од целер, 100 мл јогурт, 50 г немасно сирење. Додадете лажица лимонов сок, малку сол и црн пипер по желба.

Втор и шести ден

Појадок – 2 кришки интегрален леб премачкани со немасно сирење.

Ужина – Пире. Од 200 г јагоди направете пире, измешајте со различно зрнесто овошје и додадете лажичка мед.

Ручек – Салата. Во чинија измешајте ситно сечкани јагоди – 100 г, половина марула, домат, пиперка, немасно сирење – 50 г, јогурт половина чаша, сок од лимон и сол по вкус. Салатата јадете ја со 1 тост од интегрален леб.

Ужина – Коктел. Мешавина од сок од јагоди, немасен јогурт и сок од ананас.

Вечера – Палачински со јагоди. Палачинките испечете ги на тефлон тавче, а филот направете го од мелени јаготки , младо сирење и лажичка мед. Превкусни се.

Трет и седми ден

Појадок – Енергетски коктел. Овесна каша со додаток од 50 мл сок од јаболка, половина банана и 100 г сечкани јаготки.

Ужина – Коктел. Измиксајте 100 мл нискокалоричен јогурт, 100 г јаготки и лажичка мед.

Ручек – 200 г свежи јаготски со карфиол. Мала главица карфиол сварете ја, премачкајте ја со лажичка путер, а потоа наросете ј со јаготките.

Ужина – Мешавина од 100 мл сок од портокал со јаготки и лажичка мед.

Вечера – Пире. Направете го од поголем варен морков и 1 сварен компир, додадете малку млеко како за пире. Додадете и лажичка масло и малку вода. Ставете го пирето во сад за печење, наросете врз него рендан пармезан и сечкан домат, малку босилек, и оставете да се потпече 10-на минути.

Чевтри ден

Појадок – 2 кришки интегрален леб со намаз од немасно сирење и 50 г јаготки.

Ужина – Витамински микс од 1 портокал, 1 јаболко и 100 г јагоди.

Ручек – Риба на скара. Рибата може да ја сервирате со 50 г јаготки и малку сенф.

Ужина – Коктел од јагоди. Во блендер ставете 150 г јаготки, лажичка мед, сок од лимон со 100 мл вода.

Вечера – Салата. Додека печете еден компир во рерна, во блендер ставете свеж морков, пиперка и сок од лимон. Ќе добиете паста. Посебно измешајте неколку поголеми јагоди со 50 г немасно сирење и 100 мл јогурт. Повторно ќе добиете паста, но поретка. Врз печениот компир прво ставете од првата паста, а врз неа и од втората. Превкусно е.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.