7 знаци дека имате циста на јајчникот

Понекогаш се појавуваат цисти на јајчникот, ситни вреќички полни со течност или ткива
Повеќето цисти на јајчникот се бенигни, фоликуларни цисти кои се појавуваат и исчезнуваат со менструалниот циклус и не е потребна медицинска интервенција.
Најверојатно не ги ни забележувате. Повеќето жени имаат најмалку една циста секој месец за време на редовните менструални циклуси. Но понекогаш цистите се преголеми, премногу ги има или едноставно не исчезнуваат сами.
Во такви случаи, можеби е потребен хируршки зафат за да не станат цистите канцерогени или да не предизвикаат пеколни симптоми.
Изразот „пеколни“ не е претерување. Ако цистата почне да предизвикува проблеми, ќе почувствувате. Проблематичната циста би можела да пукне или да стане доволно голема за да ги свртат јајчниците околу јајцеводите.
Тоа е познато како торзија на јајчниците, што може да предизвика ненадејна, силна болка и можна загуба на јајчниците. За среќа, малите цисти покажуваат знаци кога ќе почнат да се јавуваат проблеми. Ако забележите некој од следниве симптоми, веднаш одете на лекар…


1. Чувствувате силна болка во карлицата
Најчестиот симптом на циста на јајчникот е болката во долната десна или лева страна на карлицата, таму каде што се јајчниците, и не престанува по менструалниот циклус.
Можеби ќе го почувствувате тоа кога вежбате или за време на сексуалните односи, но ќе ја препознаете болката на тоа специфично место.
Ако болката станува посилна или неподнослива, тоа е знак дека можеби имате торзија на јајчникот. Кога ќе се случи тоа, се прекинува снабдувањето на јајчникот со крв, што предизвикува многу силна болка. Веднаш одете на лекар во ваков случај!
2. Се чувствувате многу надуено
Отеченоста е нејасен симптом, но може да биде поврзан со циста на јајчникот, во зависноста од нејзината големина. Повеќето жени имаат цисти со големина под 10 сантиметри. Но некои цисти може да бидат многу големи, како лубеници!
Многу жени ќе помислат дека се здебелиле, но болките во стомакот и надуеноста може да се резултат на масата што расте во желудникот. Ако чувствувате тежина само во стомакот или не можете да пронајдете друга причина зошто сте се здебелиле, тоа е знак за предупредување.
3. Постојано се чувствувате прејадено
Исто како миомите на матката, така и цистите на јајчникот можат да предизвикаат чувство на тежина во абдоменот. Цистата е маса што значи дека зазема простор, што може да предизвика чувство на притисок.
Поврзани објави
Како старее вагината: Овие три работи ја очекуваат…
Психолозите предупредуваат: 6 најчести симптоми на…
3 најдобри природни антибиотици
Тешко ви е да станете наутро? Можеби страдате од ова…
Може да чувствувате и нешто слично на запек, но ако немате циста на двата јајчника, тоа чувство ќе ја погоди само едната страна на карлицата. Ако вашата столица е во ред, но имате чувство на запек две до три недели, треба да дознаете дали вашите јајчници се виновни за тоа.
4. Не сакате секс, бидејќи ве боли
Сексот не би требало да биде болен, па ако дојде до тоа, значи дека нешто не е во ред. Ако имате пенетративен секс и чувствувате болка на едната страна, постои веројатност дека имате циста на јајчникот.
Кога некои цисти стануваат големи, може да паднат зад матката и во тој случај се наоѓаат веднаш покрај цервиксот (вратата на матката). Тоа значи дека може да почувствувате длабока продорна болка.
Ендометриомите (цистите на јајчникот поврзани со ендометриоза) исто така може да предизвикаат болка во текот на сексот, бидејќи се наоѓаат близу цервиксот.
5. Чувствувате дека постојано морате да мокрите (но понекогаш не можете)
Уште еден симптом на циста на јајчникот е постојаното чувство дека мора да мокрите. Ако цистата го притиска мочниот меур, може да чувствувате потреба за мокрење.
6. Постојано чувствувате болка во грбот или нозете
Болката во грбот или нозете може да се должи на различни работи, но ако вашиот доктор отфрлил сè останато, можеби треба да ја земете предвид цистата на јајчникот како причина.
Цистите на јајчникот може да им наштетат на грбот и нозете кога ќе станат преголеми, односно може да ги притискаат нервите кои се наоѓаат долж задната страна на карлицата.
7. Крвавите и откако ќе ви заврши менструалниот циклус
Кога ќе се појават цисти на јајчникот, може да дојдат во конфликт со вашите хормони. Полицистичниот синдром на јајчникот, што значи дека се појавиле многу мали цисти на јајчниците, честопати предизвикува нерегуларно крвавење или поради честата овулација или поради недостиг на овулација.
Тоа се должи на неурамнотеженоста на естроген, прогестерон и тестостерон. Ако имате и други симптоми што обично се поврзуваат со полицистични јајчници, како што се зголемување на телесната тежина и акни, најдобро е да одите на лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.