7 знаци дека сте ментално здрава личност

Што се смета за нормално ментално здравје, и која е разликата помеѓу нормалното ментално здравје и менталните болести? Понекогаш одговорот е сосема јасен, но честопати разликата не е толку очигледна. Шаблоните за мисли, однесувања и чувства можат да сугерираат кога треба да побарате помош за себе или за некој кој ви значи.
Која е разликата помеѓу ментално здравата личност и пациентот?
„Ова прашање не го поставив на психолози и психотерапевти, туку на обичните луѓе. Дел од испитаниците рекоа дека доколку личноста која гледа нешто што не постои, слуша гласови кои другите не ги слушаат, или трча со секира во раката по улиците, тогаш нешто не е во ред со неа. Всушност, не е така едноставно како што изгледа“, рекла психологот Екатерина Оксанен.
„На пример, уметничките критичари знаат дека границата помеѓу лудилото и генијалноста е многу тенка. Доколку сега се обидете да ги замислите облиците на менталните болести и нивните манифестации, ќе забележите дека имате слични симптоми“, додала таа.


Дали ви се случило да излезете од вашиот дом, да ја заклучите вратата, а потоа да се вратите за да проверите дали сте ја исклучиле ринглата или пеглата? Психијатарите овој симптом не го сметаат за сосема здрав и сметаат дека тој укажува на желба за нешто и неможност за сопирање.
Поради оваа и други слични ситуации се поставува прашањето: Која е границата помеѓу нормалното ментално здравје и менталните болести?
Во продолжение прочитајте ги 7-те критериуми на менталното здравје кои ги идентификувала Светската здравствена организација:
Критичност: Способност на човекот да се критикува себеси, своите постапки и верувања, како и да ги доведува во прашање информациите кои му доаѓаат од околината.
Адекватност: Способност на личноста да реагира во согласност со одредена ситуација. На пример: доколку постои насилство во семејството т. е. мажот да ја тепа жената, а двајцата да молчат за тоа, тоа значи дека ни мажот ни жената не се психички здрави личности. Доколку таа не реагира во согласност со ситуацијата т.е. доколку не се брани, тоа значи дека ја нема таа адекватност која психолозите ја бараат од ментално здравите личности.
Адаптибилност: Здрава личност е онаа која има многу карактери и во различни ситуации се вклопува со околината. Секој вид карактер е нормален, но доколку личноста нема избор, доколку има еден начин на однесување и не може да вклучи други однесувања, тоа е патологија.
Планирање: Способност на личност да го испланира својот иден живот и соодветно да се држи до планот.
Предвидливост: Оваа особина ни кажува дека личноста во иста ситуација се однесува на ист начин како и другите. Прекршувањето на овој критериум би изгледало на следниов начин: една личност еден ден доаѓа мирно на работа, другиот ден влегува во канцеларијата викајќи гласно, а третиот ден разговара на телефонот со гнев – ситуацијата е иста, но личноста се однесува различно.
Самоконтрола: Возрасна, ментално здрава личност треба да биде во можност да се контролира. Нормално е децата да сакаат слатки и кога нема да ги добијат да направат скандал, но за возрасна личност ова не е здраво.


Постојаното „Јас“: Дали некогаш сте почувствувале дека мозокот ви работи во еден правец, а душата ви оди во друг? Тоа е прекршување на вашето постојано „Јас“. Тоа често се случува кога личноста ќе доживее тага или губење на саканата личност: Таа разбира што се случува, но сè уште не го почувствувала тоа емоционално. Ова е нормална ситуација во ненормални услови.
Како да препознаете ментално болна личност?
За ова е потребно да имате само 3 критериума: однесување кое нанесува штета на самиот или на луѓето во неговото опкружување, неадекватни цели кои таа личност си ги поставува и состојба која нормалните луѓе ја доживуваат, но се манифестира и кај заболените личности, како што е разликувањето депресија од нерасположеност.
На пример, доколку сте нерасположени ден или два, тогаш тоа е нормална состојба, но доколку со недели се чувствувате лошо, тоа значи дека имате сериозна состојба која бара лекување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.