7 намирници кои треба да ги консумирате почесто, ако не пиете многу вода

Доколку сакате да внесувате многу течности, но не пиете доволно вода, ова се препораки кои ќе ви помогнат постојано да бидете хидрирани.
Консумирајте ги овие седум намирници доколку не пиете многу вода:
Лубеница
Сочна и вкусна, лубеницата содржи 92% вода. Добар е извор на калиум и електролити, кои ќе ве хидрираат.
Диња
Иако дињите содржат 90% вода, тоа не значи дека во неа нема и други здрави компоненти. Всушност, дињата содржи и витамини А и Ц.
Краставица


Секој што сака крцкава краставица треба да знае дека истата содржи 96% вода. За подобар амбиент направете таратор салата со јогурт. Ова ќе ви помогне да се релаксирате и хидрирате.
Ананас
Ананасот е полн со вода и витамини. За да ја задржите линијата, грицкајте го секој пат кога ќе посакате нешто слатко.
Меѓутоа, ако сте обожавател на пињаколада коктел, имаме лоши вести за вас. Општо земено, алкохолните пијалаци имаат тенденција да го дехидрираат нашето тело.
Јагоди
Јагодите содржат 90% вода. 8 јагоди содржат 5% од препорачаната дневна доза на калиум. Јагодите, исто така, можат да се стават во големо шише за вода, бидејќи така ќе станат побогати и повкусни.
Целер
Сок од целер е апсолутен хит во светот. Ова подразбира употреба на долг светло зелен целер, наместо белиот.


Овој сок, не само што ќе ве хидрира, туку и ќе го ревитализира вашето тело, бидејќи содржи антиоксиданти, влакна, минерали, витамини А, Ц, Б и К.
Пиперки
Освен што се одлични во речиси секоја салата, пиперките можат да се јадат без додатоци. Заситни се и содржат многу вода, што ги прави идеална закуска.
Црвените пиперки се богати со витамин Ц, па доколку се двоумите, изберете ги нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.