Поставувањето алуминиумска фолија на штицата за пеглање, одделување на алиштата и редовното чистење на пеглата ќе го намали времето за пеглање и ќе ви ги зачува омилените парчиња облека, исто како и избегнувањето на следните 7 големи грешки кои ги правите во текот на пеглањето.
1. Пеглате премногу сува облека
Добро е да повториме колку е важно да ги напрскате со вода алиштата пред пеглање. На омекната ткаенина наборите едноставно полесно се исправуваат. Не морате да го имате најмодерниот парен апарат, туку доволно е малку вода и распрснувач.
2. Чувствителните ткаенини ги оставате за крај
Пеглата подолго се загрева, отколку што се лади. И затоа започнете го својот поход врз купот свежо испрани алишта со свилената облека, а потоа полиестерот, па на крај испеглајте ги памучните и ленените парчиња облека.
3. Не ја прилагодувате правилната температура на пеглата
Доколку пеглате облека од мешани материјали, намалете ја температурата на пеглата која е погодна и за најчувствителната облека. На тој начин ќе ја зачувате.
4. Не користите вода од славина
Денешните модели на уреди подобро ја поднесуваат водата од славината. Ако знаете дека водата во вашето домаќинство е исклучително тврда, тогаш измешајте ја со дестилирана вода во размер од 50-50.
5. Не ја чистите пеглата редовно
Не ризикувајте да создадете дамки на облеката. Металниот дел од пеглата најдобро ќе го исчистите со паста од сода бикарбона. Секако, пеглата пред чистењето мора да биде целосно ладна.
6. Не го празните садот со вода после користење на пеглата
После секое пеглање испразнете го садот за вода. Не дозволувајте евентуалното капење да ги уништи нејзините внатрешни делови.
7. Алиштата ги пеглате со кружни движења
Под заштитната ткаенина на штицата за пеглање ставите алуминиумска фолија. Исто така, избегнувајте пеглање со кружни движења, и наместо тоа влечете ја пеглата по должина, бидејќи така природно ги следи линиите, а пареата дополнително ги измазнува.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.