7 најдобри летни дестинации за 2018

На овие места барем засега нема да наидете на поплави, а нудат многу повеќе од добар одмор! Кога станува збор за патување, искуствата на другите патници се вреден показател за она што ве очекува на одредената дестинација.
Без разлика дали се работи за гостопримство, број на достапни ресторани и кафулиња, уреденоста на парковите и шеталиштата, шопинг или нешто сосема друго, треба да ги послушате советите за патување, особено кога доаѓаат од повеќе извори. Подолу се некои од градовите кои патниците ги оценија како најдобри дестинации и заслужуваат да ги ставите на листата за посета.
Единбург
Главниот град на Шкотска е одлично место каде можете да го поминете летниот одмор. Познат е по огнометот, разните фестивали и вкусната храна. Градот има изобилие од музеи и култура, така што љубителите на уметноста имаат што да видат.
Амстердам


Овој град на секој чекор зрачи со убавина, без разлика дали шетате покрај каналот со голем број на убави куќи или возите велосипед истажувајќи ги градските улици. Единствена тешка одлука ќе ви биде кои музеи да ги посетите, бидејќи за сите нив ви е потребен подолг престој.
Краков


Тоа што се гледа на сите фотографии и разгледници е пространиот градски плоштад, опкружен со преубави стари куќи, на кои се наоѓаат многу кафулиња, пабови и продавници. Во близина се и спомениците од Втората светска војна кои вредат да се посетат.
Њу Орлеанс


Градот во кој се слуша само блуз, преполн е со позитивна енергија. Познат е по вкусната креолска кујна, преполна со локални специјалитети. Њу Орлеанс е жив преку цела година, благодарение на разните случувања.
Маракеш


Идеално место да се изгубите во преубавите улици кои се преполни со разни домашни производи и шарени зачини. Познати се по пазарите на кои е неизбежно ценкањето со локалните продавачи.
Даблин


Овој град е најпознат поради пивото Guinness и посетата на истоимената фабрика, која всушност е задолжителна за посета. Феноменалните пабови нудат добра храна и пијалаци, а исто така вреди да се одвои време за градскиот замок и зоолошката градина.
Бали


Самото доаѓање на Бали е влез во бајка. Тоа е идеалното место за опуштање на телото и духот, со убавата вода и прекрасниот песочен брег. Покрај тоа, можете да прошетате низ бујната шума или да посетите некој од многуте храмови на островот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.