7 тајни на слабите луѓе – што прават поразлично од вас со цел да останат витки?

Сигурно и вие ги имате во опкружувањето – луѓе кои навидум не внимаваат на исхраната, а сепак се во топ форма, витки се, и имаат одлична здравствена состојба.
Можеби сте им малку љубоморни, но бидете сигурни дека нивната фигура не доаѓа толку едноставно и сепак се трудат за неа. Можеби само имаат неколку различни трикови од вашите за здрава, фит линија.
Прочитајте ги седумте тајни на слабите луѓе:
Знаат кога да кажат НЕ
Жените кои ја одржуваат оптималната тежина без проблем знаат да им кажат НЕ на грицките, десертите на крајот од оброкот или пржените компирчиња за ручек. Секој ден е специјален сам по себе, но тоа не значи дека истиот треба да се „прослави“ со дополнителни, непотребни калории.
Обожаваат да зборуваат за време на оброкот

Храната треба да се јаде полека и да се џвака внимателно, со еден збор да се ужива во неа и да му се даде време на мозокот да испрати сигнал дека вашиот желудник е полн, за што му се потребни околу 20 минути.
Истражувачите откриле дека луѓето кои повеќе комуницираат за време на оброците имаат тенденција да изедат помалку.
Не си го губат времето (и парите) на диетални намирници
Продуктите со намален процент на масти или шеќери звучи одлични во теорија. Но, досега ви е веќе јасно дека ваквите производи содржат многу хемиски материи, односно адитиви.
Ваквиот тип на храна може да да го наруши хормоналниот баланс и да го покачи нивото на шеќерот во крвта. На овој начин наместо да го намалите вишокот на килограми, немојте да се изненадите доколку го зголемите.
Не се одрекуваат од речиси ништо
Во правилникот на слабите луѓе не постои такво нешто како лоша храна. Доколку се одречете од некои намирници или видови на јадења, ќе завршите со неверојатна желба и глад за консумирање на истите и веројатно ќе претерате со нивното јадење.
Токму затоа слабите луѓе најчесто јадат сè, но умерено.
Спијат доволно
Телото се обидува да го надомести недостатокот на сон во текот на денот со енергетски, кофеински напитоци, како и слатка и/или мрсна храна. Доколку сакате да јадете умерено, тогаш легнете си навреме и овозможете му на телото 7 часа непрекинат сон.

Young women in restaurant

Експериментираат во кујната
Здравата храна не значи во превод досадна храна. Луѓето кои користат многу зачини во готвењето и се заинтересирани за испробување на нови рецепти имаат помали шанси да паднат во стапицата на претерано консумирање на калорични оброци.
Црниот пипер и чили пиперчињата се одлични забрзувачи на метаболизмот и треба да ги вметнете во своите рецепти.
Не ги бројат калориите
Дури и здравата храна има потенцијал да биде калорична. Доколку опсесивно броите калории ова може да ве спречи да јадете многу важни намирници, како што е рибата, јаткастите плодови или темното чоколадо.
Слушајте ги сигналите кои ви ги испраќа сопственото тело и јадете балансирано без да се грижите за калориите. Имајте секогаш на ум дека е битен квалитетот, а не квантитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.