недела, 29 ноември 2026
Вонредно

7 физички симптоми на депресијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

7 физички симптоми на депресијата.

Повеќето луѓе знаат кои се емоционалните симптоми на депресијата, но не знаат дека депресијата може да предизвика и физички симптоми.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Некои од тие симптоми се:

  1. Болки во вратот. Ако страдате од депресија може да ви се појават и болки во вратот или ако веќе сте имале болки да се зголеми нивниот интензитет.
  2. Главоболка. Главоболката е често среќаван симптом кај луѓето кои страдаат од депресија. Доколку претходно сте страдале од мигрена, во периодот на депресија ситуацијата се влошува.
  3. Проблеми со дигестивниот систем. Може да чувствувате гадење, да имате дијареа или да имате симптоми на запек.

Природен лек од смреки за шеќерна болест

  1. Болка во градите. Ако чувствувате болка во градите треба да посетите доктор, затоа што можно е да имате проблеми со срцето. Но, болката во градите често е и симптом на депресија.
  2. Проблеми со спиењето. Луѓето кои страдаат од депресија имаат проблеми со спиењето. Некои од нив тешко можат да заспијат и да се будат порано, а некои спијат многу повеќе од нормалното.
  3. Промени во апетитот. Некои луѓе кои се во депресија го губат апетитот и логично губат тежина. Други пак постојано мислат на храна, внесуваат многу повеќе јаглехидрати и ја покачуваат телесната тежина.
  4. Замор, вртоглавица, несвестица. Ако сте во депресија, без разлика колку спиете, пак се чувствувате изнемоштени. Промените во апетитот, проблемите со спиењето, главоболката, сето тоа може да доведе до вртоглавица или дури до несвестица.

Ова е најбрзиот и најефикасниот лек против тртки – потребни ви се само 2 работи и 30 денари

Поврзани вести