7 грешки при употреба на пегла за коса

 
Речиси секоја девојка посакува долга и рамна коса како на оние модели од рекламите на ТВ. Најлесен начин да дојдете до таква коса е пеглата, но дали сте свесни колку таа може да биде штетна за вашата коса? Дали правилно ја употребувате?
  
Пеглање на косата без заштитно средство
Не заборавајте косата да ја заштитите со некое масло, крема или маска пред да ја испеглате. Во спротивно, ќе ја дехидрирате и исушите, по што сета ќе испука.
Прилагодување на температурата
Да, високата температура е штетна за косата, но тоа нема да го разрешите ако само ја намалите температурата на пеглата. Така само истите влакна ќе ги мачите и влечете повеќе пати од потребното. Идеалната температура на пеглата за коса е 210 степени целзиусови.
Траги од пеглата на косата
Косата пред секое пеглање добро исчешлајте ја, и раздвојте ја на прамени кои ќе ги пеглате еден по еден. Доколку косата вие заплеткана во јазли, тие под високата температура на пеглата додатно ќе се замрсат, по што ќе останат траги во вашата коса.

 
Безживотна коса без волумен
Тука проблемот лежи во неправилните движења со пеглата за коса. Наместо од коренот па надолу, пеглајте ја косата на нагоре држејќи ги прамените со рака. Ефектот на добар волумен можете да го постигнете со мало свивање на краевите на косата кон лицето.
Користење погрешна пегла
Најдобри се пеглите со керамички плочи, бидејќи косата најдобро се лизга низ нив и рамномерно ја распределуваат топлината. А ако не сакате наелектризирана коса, користете пегла со плочи од турмалин. Пеглите со потесни плочи се за кратка коса, додека тие со пошироките за долга, или кадрава коса.

Пеглање додека косата е влажна
Ова е најголемата грешка, кога во брзање косата ја пеглате се уште влажна. Така топлината која косата ја прима е двојно посилна и може да предизвика сериозни оштетувања.
Нередовно чистење на пеглата
На плочите на пеглата постојано се налепуваат препаратите кои ги нанесувате на косата. Редовно чистете ја пеглата за тие остатоци да не ви се залепат назад во косата. Пеглата чистете ја со влажна крпа откако целосно ќе се олади. Забришете ја со кружни движења и оставете ја потполно да се исуши, па потоа можете да ја користите повторно.
  
Пеглање на косата без заштитно средство
Не заборавајте косата да ја заштити

Пронајдете не на следниве мрежи: