7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

За раскинување се потребни двајца, така што без разлика што се случило, секогаш се виновни обајцата партнери за распадот на врската. Не е лесно да се разбере спротивниот пол, но треба да се работи на тоа. Жените честопати ги обвинуваат мажите за неуспехот на љубовните врски, но вистината е дека и тие прават несвесни грешки. Ова се 7-те лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат…
1. Мора да му дадете простор
Нормално е тоа што сакате да бидете со него. Но, ако го следите насекаде каде што оди, ќе почне да се чувствува како во затвор. Ако сакате некого, тоа не значи дека треба да бидете заедно 24/7. Оставете го да работи и да се забавува сам. Почитувајте ги неговите интереси и хобија. Квалитетно поминувајте го времето заедно, наместо да се гледате секој ден. Дајте му простор. Ако вистински ве сака, на крајот од денот, ќе се врати кај вас.
2. Ако сака да си замине, ќе го стори тоа
Време е да се соочите со вистината! Ако тој сака да си оди, порано или подоцна навистина ќе го стори тоа. Не можете да го присилите да остане со вас. Нема да постигнете ништо доколку постојано му досадувате и го молите да остане. Прифатете ја неговата одлука и продолжете понатаму.
3. Ако решил да ве изневери, ќе го стори тоа
Си имате работа со прељубник. Тој ужива да се гледа со различни жени. Колку од неговите девојки треба да запознаете за да го разберете неговиот карактер? Вашите обвинувања нема да ви помогнат. Ако мажот е прељубник, тој ќе продолжи да изневерува и на крајот ќе ве остави. Најдобро е вие први да ја донесете оваа одлука.
4. Фантазирате дека сте заедно
Можеби навистина ви се допаѓа и срцето забрзано ви чука секогаш кога ќе ве поздрави или ќе ви даде комплимент. Можеби дури и сте имале односи, но тој не го сфатил тоа како нешто сериозно. Мора да престанете да фантазирате дека сте заедно. Бидете практични. Ако неговото однесување ве збунува, разговарајте директно. Доколку неговите намери кон вас не се сериозни, порано или подоцна ќе побегне од вашиот живот.
 Жените честопати ги обвинуваат мажите за неуспехот на љубовните врски, но вистината е дека и тие прават несвесни грешки. Ова се 7-те лекции за мажи

Пронајдете не на следниве мрежи: