7 најсмешни набавки на фудбалерите од премиер лиагата

Фудбалерите се честа мета на негативна критика од медиумите поради нивното фрлање пари на непотребни и безначајни нешта и претерано изрзување на моќ. За група која заработува неделно повеќе од сите нас заедно за 10 години, расфрлањето со пари и луксуз е и донекаде очекувано. Погледнете ги 7те најсмешни набавки кои ги направиле фудбалерите:7.Титулата на Џибри Сисе

Во Мај 2005 година, Сисе си ја купил титулата „Господар на Дворецот Фордшам“. Оваа титула, која францускиот интернационалец ја платил 2 милиони фунти, вклучувала палата во Чешир и му дозволувала да се ословува себе си како „Лорд Сисе“ во секакви прилики.
Титулата, која била во сопство на многу семсејства низ историјата, датира од 1086 година, гога истата била заведена во „Doomsday Book“, истражување по нарачка на тогашниот англиски крал Вилијам Освојувачот.

 
6.Хромираниот автомобил на Вилијам Галас

Додека бил во Арсенал, Вилијам Галас мислел дека би било добро да фрли 350000 фунти за автомобил Мерцедес СЛР Мекларен обложен со хром. Мерцедесот може да постигне брзина од 207 милји на час и да забрза од 0 до 60 милји за 4 секунди.

 
5.Троновите на Бекам

Кога Дејвид Бекам се ожени со Викторија Адамс во 1999, на свечениот прием на гости тие седеле на златно-срвени тронови. Освен тоа, двојката најмила и поранешни слуги од кралската палата да ја одржуваат куќата. Кога во 2013 двојката ја продаде луксузната куќа, троновите беа најомилените работи ставени на аукција за собирање средства за добротворни цели.

 
4.Камуфлажната колекција на Марио Болотели

Додека беше во Манчестер Сити, на Болотели му се посветуваше толку многу внимание што човекот просто реши да се „вклопи“ во околината. Тој своето Бентли вредно 160000 фунти го прекрил со маскирна воена шара, и нирмално, привлекол многу внимание при првото возење на новото руво на автомобилот. Потоа на интернет осамна фотографија од Болотели како позира во маскитна униформа помеѓу Бентлито и и еден мотоцикл во иста шара. Кога се вратил во Италија, Бентлито го подарил на новиот соиграч Урби Емануелсон, кој веднаш ја отстранил војничката шара од него.

 
3.Златниот автомобил на Ел Хаџи Диуф

Во 2009 година, додека играше за Блекбурн роверс, сингапурецот го покажасвојот нов автомобил. Неговиот Кадилак Ескалад, како да не изгледал доволно скапо за 53000 фунти, по барање на купувачот бил обоен со златна боја. Првото јавно покажување на автомобилот всушност беше илегално паркирање додека сингапурецот бил на пица во близок ресторан. За среќа, полицаецот не успеал да му напише казна затоа што неговиот компјутер не работел во моментот.

 
2.Финансиските советници на Обафем Мартинс

Обафем заработувал по 75000 фунти месечно додека играл за Њукасл, но тоа не го спречувало нигериецот редовно да заглавува со трошоците. Тој наводно секој викенд од банка повлекувал по 40000 фунти, а потоа и уште по 25000 фунти за да ја протера неделата. Фудбалерот толку западнал во долгови, што компанијата НВА Менаџмент морала да му излезе во пресрет, во замена за еднократен надомест од 300000 фунти и одреден процент од неговата заработувачка. Компанијата набргу го тужела Мартинс бидејчи тој наводно никогаш не им ги сиплатил тие 300000 фунти.

 
1.Се што поседува Стефан Ирланд

Кога станува збор за смешни набавки и трошења, Стефан Ирланд убедливо го води караванот на потрошувачи. Тој создал репутација купувајќи работи кои на нормален човек воопшто не му се потребни. Виден е како вози бел Ренџ Ровер со розови детали, Ауди Р8 во боите на Манчестер Сити, како и Бентли вреден 260000 фунти. Но неговото претерување не запира кај автомобилите. Во неговата куќа вредна 5 милиони фунти Ирланд има маса за билјард со неговото име изгравирано на неа, како и аквариум во буквално секој агол на куќата. За жал, гласините дека сакал аквариум со ајкула под неговата кујан се лажни.7.Титулата на Џибри Сисе

Пронајдете не на следниве мрежи: