Таму каде што нема хормон среќа, не постои среќа воопшто, а уште помалку и љубов. Следните навики кои ке ги прочитате подолу, буквално ја убиваат љубовта помеѓу вас и партнерот, така што ние ви препорачуваме да ги одбегнувате или доколку веќе несвесно ги применувате, обидете се да се одвикнете од нив.
Пасивна агресија – Наместо да разговарате за проблемите, “комуникацијата” се сведува на превртување со очите, жалење и на тој начин се оддалечувате емоционално и физички.
Правите споредба на сегашното однесување на партнерот со однесувањето кое го имал на почетокот – Постојано си префрлувате како тоа на почетокот на вашата врска “тој/таа никогаш не го правеше тоа или тој/таа никогаш не се однесуваше така”. Тоа покажува колку се промениле, всушност не се менуваат луѓето туку се менува нивната врска.
Одбегнувате интимни моменти – Кога со текот на времето престануваат да се држат за рака, галат пред спиење или да се бакнуваат милион пати во денот, тоа неминовно води до емоционално оддалечување. А таму каде што нема го нема хормонот среќа, нема воопшто среќа.
Викање еден на друг – Компромисите одамна се завршена приказна и сите разговори се претвараат во агресивни расправии, навреди и понижување. Се откажале од решавањето на проблемот, но не се откажале од расправање.
Егоцентричност – Доаѓа до многу малку ситуации во кои се спремни да направат нешто за партнерот од едноставна причина што би го направило него среќен или неа. Зошто? Бидејќи повеќе не им е грижа.
Откажување од врската – Без разлика дали се мали или големи проблеми, повеќе не се обидуваат да пронајдат решение. Старите проблеми избледуваат, а ги заменуваат некои нови.
Недоволно комплименти кажани на еден кон друг – Кога некому треба да му упатите убав збор, повеќе се подготвени тоа да му го направат на некој друг отколку на нвиниот партнер. Престануваат да си се восхитуваат еден на друг.
Пронајдете не на следниве мрежи: