Колку и да се трудиме, масните наслаги на стомакот не исчезнуваат така лесно. Можеби треба да промениме некои навики во нашиот живот? Еве како побрзо да го отстраните несаканиот масен појас околу стомакот.Често пиење газирани пијалаци
Само две чаши газиран сок на ден за пет пати го зголемуваат таложењето на маснотии околу стомакот. Големото количество шеќер во овие пијалаци ви ја зголемува желбата за храна, па јадете многу повеќе одошто треба. Ниту диеталните газирани пијалаци не се нешто поарни. Држете си се до негазирани овошни сокови.
Јадење од големи чинии
Без разлика дали јадете дома, кај пријател или во ресторан, избегнувајте ги големите чинии. Кога ќе ви ги донесат преполни со храна, едноставно се намамувате да изедете се, и покрај тоа што има повеќе од доволното.
Јадење доцна навечер
Вистина е дека телото најефикасно согорува маснотии додека спиеме, но тој процес сериозно ќе го отежнете ако в кревет легнете со полн желудник. Гледајте последниот оброк во денот да не го јадете подоцна од 20:00 часот.
Јадење кога сте тажни, гневни или нервозни
Храната е слатко утешение по таквите моменти, но последиците од таквата „терапија“ ќе ви удрат во глава потоа. Наместо да јадете, напијте се чаша вода, поразговарајте со пријателите, или пак излезете и прошетајте се.
Често јадење производи со низок процент на масти
Не е точно дека нискомасната храна ќе ви помогне да ја намалите тежината. Таа храна содржи многу шеќер, кој додатно ви создава сало околу стомакот. Монозаситените масти се здрави за вас, па дури и маслиновото масло и авокадото може да ви помогнат да намалите тежина.
Не спиете доволно
Во просек потребни ни се 7 до 9 часа сон во текот на ноќта. Доколку сме ненаспани, се зголемува нивото на кортизол во организмот, што не тера да јадеме повеќе. Обидете се доволно да се наспиете. На тој начин ќе го урамнотежите нивото на кортизол со нивото на лептин, хормон кој ви го контролира апетитот.
Недоволно внесување на протеини
Возрасен човек треба да внесува од 20 до 25 грама протеини во организмот со секој оброк. Ако го зголемите внесот на протеини, ќе го контролирате нивото на шеќер во крвта и ќе го намалите инсулинот, со што ќе ви се забрза метаболизмот и ќе ослабете побрзо.Често пиење газирани пијалаци
Само две чаши газиран сок на ден за пет пати го зголемуваат таложењето на маснотии околу сто



