7 правила за храната кои гарантираат витка линија

Следете ги овие едноставни правила и витката линија ќе ви биде загарантирана.
Разновидноста е основа на здравјето
Со мало внимание, организација на менито и проучување на рецептите, ќе ви биде полесно да јадете разновидна храна. Луѓето често грешат кога сето внимание го насочуваат на месото, а зеленчукот служи само како прилог, па затоа и помалку го јадат. Стручњаците истакнуваат дека големината на оброците во седмицата треба да се заснова на зеленчук, кој е сварен на пареа. Се препорачува конзумирање на рижото и варива како добра алтернатива на оброци со многу калории.
Освежете ги своите навики
Познавањето на сопствените прехрамбени навики е клучно во предвидувањето на замките и искушенијата во секојдневната нисхрана. Ако сте голем љубител на чипс, одредете еден ден во неделата во кој наместо вечера ќе уживате во своите омилени грицки, додека таа во останатите денови од неделата ќе ви биде забранета, советуваат нутриционистите. Исто така, немојте да подготвувате нездрави намирници, а во текот на купувањето секогаш бирајте помали пакувања.
Житарките се главен потпирач
Основата на здравата исхрана би требала да бидат влакната, жиарките и семките, како и зеленчукот и овошјето кои не се богати со скроб. Месото, според упатствата на лекарите, би требало да го конзумирате околу три пати неделно а таквата исхрана не само што ќе резултира со витка фигура, туку ќе го намали ризикот од заболување од разни болести, како карцином на дебелото црево, желудникот, болести на срцето и дијабетес.
Одвојте ги маснотиите
Здравата исхрана не подрзбира исхрана без маснотии, туку мени во кое различните маснотии се спаѓаат во еден оброк. Комбинирањето на масните намирници не се препорачува бидејќи организмот потешко ги вари и полесно се таложат во телото. Така на пример, треба да избегнувате пржена храна со масни сосови и слично. Бидејќи маснотиите содржат повеќе калории од јаглените хидрати, протеините и влакната, нивното вкупно внесување треба да го ограничите на 70 грама на ден.
Идеални порции
Дури и кај најздравите намирници како рибата, овошјето, житариците и зеленчукот треба да внимавате на големината на порциите. Претрпувањето со храна било кога во текот на денот нема да ја спречи гладта покасно, туку ќе влијае на ширење на желудникот и зголемување на апетитот. Најздраво е да се јаде во онаа мера во која би можеле уште, но сепак сте сити. Без разлика дали станува збор за пет или три оброци дневно, држете се до правилата дека порција месо, компир, тесто или ориз треба да биде во количина колку што може да ви собере во една шака.
Калориите не се пијат, туку се јадат
Напитоците не создаваат чувство на ситост на начин како што тоа го прави храната, туку содржат празни калории кои докажано дебелеат. Еден од водечките виновници за дебелината во развиените земји е претераното конзумирање засладени и газирани напитоци, за кои нутриционистите велат дека треба во потполност да се избегнуваат. Вода и повремено чај или кафе се доволни за хидратација на организмот, особено ако сакате да ослабете.
Ограничете го внесувањето на готова храна
Околу три четвртини сол, шеќер и трансмасти во човековата исхрана доаѓаат токму од готовата и индустриски преработената храна, покажуваат студиите. Најздравите облици на сите намирници се ние во природен облик. Иако бараат повеќе време за подготовка, значително помалку гојат и го загрозуваат здравјето, тврдат нутриционистите. Исклучок е зеленчукот и месото кое сами го подготвувате за замрзнување, па знаете дека не содржи конзерванси и адитиви.Следете ги овие едноставни правила и витката линија ќе ви биде загарантирана.

Пронајдете не на следниве мрежи: